 |
|
 |
МK EN
|
ДРУШТВОТО НА НАУЧНИ И СТРУЧНИ ПРЕВЕДУВАЧИ НА ГРАД СКОПЈЕ (DNSPS) e професионално здружение на научни и стручни преведувачи формирано од научно-стручните преведувачи на град Скопје во далечната 1967 година за повторно да биде регистрирано во 1995 година.
ДНСПС е невладино и непрофитабилно здружение во кое членуваат квалификувани преведувачи за сите странски односно светски јазици како и за јазиците на заедниците што живеат во Македонија.
|
ПИСМЕНИ ПРЕВОДИ
-Превод од страна на стручни преведувачи, внимателно избрани од општата мрежа на преведувачи
- Превод од страна на стручни преведувачи, со искуство во разновидни теми и прашања од областа на финансиите, сметководството, банкарството, економијата...
ЛЕКТОРИРАЊЕ
ДНСПС нуди лекторирање на преведени текстови по барање на своите клиенти.
Лекторирањето го вршат званично овластени лектори, дипломирани на Филолошкиот факултет.
|
ПРЕВЕДУВАМЕ ОД/НА СЛЕДНИТЕ ЈАЗИЦИ
- англиски
- албански
- арапски
- бугарски
- ерменски
- француски
- германски
- грчки
- италијански
- полски
- романски
- руски
- словенски
- словеначки
- српски
- турски
- холандски
- хрватски
- украински
- чешки
- шведски
- шпански
|
КОНСЕКУТИВНИ И СИМУЛТАНИ ПРЕВОДИ
ДНСПС има развиена мрежа на професионално обучени и искусни преведувачи и симултани толкувачи коишто ги ангажира на работилници, округли маси семинари, конгреси итн
КОМПЈУТЕРСКА ПОДДРШКА
- ДНСПС го добива документот за превод и го испраќа преведениот документ според барањето на својот клиент, во електронска форма или во примерок печатен на хартија
- Преведувачите на ДНСПС се обучени за користење на најновите алатки и програми за давање преведувачки услуги во Wordfast, Trados итн.
|
dnsps all rights reserved
|